Бојадисувањето јајца за Велигден е еден од најстарите христијански обичаи. Домаќинките ширум светот многу се трудат да ја испочитуваат оваа традиција, а во некои семејства вештината за декорација се пренесува од колено на колено.
Во земјите во кои многу се држат до традицијата и почитувањето на обичаите спаѓа и Украина.
За време на својата долга христијанска историја, Украинците успеале да ја зачуваат својата традиција, а еден од омилените обичаи им е оваа неверојатна техника за бојадисување велигденски јајца.
Оваа техника е наречена писанки, а во продолжение погледнете како Украинките ги бојадисуваат велигденските јајца: