Италијанец презеде екстремни мерки за заштита од коронавирусот откако беше класифициран како пандемија од Светската здравствена организација.
Првично објавено на Инстаграм, видеото прикажува човек на италијански пазар кој носи огромен диск околу себе, во обид да направи безбедно растојание меѓу себе и другите луѓе.
Зборувајќи со италијански маж зад камерата, тој е запрашан зошто го прави ова безбедносно растојание, по што човекот одговара: „Поради коронавирусот!“
По Кина, Италија е земја која е најпогодена од коронавирусот. Според најновите податоци, во Италија биле пријавени 10.590 пациенти заразени со коронавирус.
Од болеста во земјата досега починале вкупно 827 лица, а во изминатите 24 часа починале 196 лица, што е највисоко бројка досега за еден ден.