Претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса, е „фатен“ како се мачи да си ја намести заштитната маска.
На прес конференцијата тој најави олеснување на некои од мерките во борбата против коронавирусот, започнувајќи од следниот месец.
Тој ги повика сите оние кои ги напуштаат своите домови или патуваат со јавен превоз да носат заштитни маски за лице, а потоа се обиде да ја демонстрира постапката, нешто што не помина како што беше планирано.
Секако, видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи каде што повеќето ја исмеваа неговата несмасност.
Претседателот одговори на овие коментари велејќи: „Па, за кои вчера ми се смееја, ќе отворам ТВ канал за да ги научам луѓето како да носат маска. Така, ќе можете да видите како се става маската“.