(ВИДЕО) Со емоции и долготраен аплауз пречекани кинеските доктори на белградскиот аеродром

Помошта од Народна Република Кина пристигна во Србија. Доктори, заштитна опрема и респиратори долетаа во Белград како помош и поддршка од Кина за справување на ситуацијата со коронавирусот.

Авионот слета, а кинеските лекари беа пречекани од претседателот Александар Вучиќ.

Друг авион пак на „Ер Србија“, ербас А320, полета за Шангај за втор тура помош.

Кинеските лекари на аеродромот беа пречекани со громогласен аплауз а Вучиќ во неговиот говор испрати огромна благодарност до Претседателот на Кина и му порача дека кога ќе сака да дојде во Србија тој ќе биде пречекан од стотици илјади народ.

Пречекот може да се погледне на видеото почнувајќи од 01:45:00 кога пристигнува српскиот авионот, додека аплааузот е некаде на 01:57:30 по што следуваше и обраќањето на спрскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e