(ВИДЕО) Без вештачки бои и многу труд – ова е една од наједноставните техники за фарбање јајца

За овие магично виолетови велигденски јајца со мермерна шара ви е потребна само една намирница.

Без вештачки бои и многу труд – ова е една од наједноставните техники за фарбање јајца, а сè што ви е потребно е сушен цвет односно чај од хибискус.

Потребни состојки:

– сирови бели јајца

– 80 гр. чај од хибискус (мерка доволна за 10 јајца)

– 1 лажичка алкохолен оцет

– стреч фолија

Во сад ставете вода и додадете го хибискусот и оцетот. Кога водата ќе зоврие, ставете ги јајцата и оставете да се варат на тивок оган. Кога ќе се сварат и кога на нив ќе забележите боја, тргнете ги од огнот.

Изведете едно јајце, ставете го на стреч фолија и на него ставете неколку цветови хибискус кои се вареа во водата. Замотајте го јајцето заедно со цветовите во фолијата и оставете да отстои околу половина час. Потоа одмотајте го, оставете да се исуши и премачкајте го со масло.

Ваквата шара добиена со природна техника потполно ќе ве воодушеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e