Поради пандемијата на коронавирус и воведувањето рестриктивни мерки во Италија, сите кафулиња, пицерии и ресторани, се затворени уште од март.
Огорчен газда од Сардинија, Џан Марио Фену (59) ја уништи својата пицерија затоа што сфатил дека ќе падне во уште поголеми долгови ако ја отвори по два месеци карантин во Италија, отколку сосема да ја затвори.
Тој во видеото што го објави на Фејсбук извикува дека коронавирусот е виновен за кризата.
„Не можам да ја отворам пицеријата, ти благодарам, Ковиде“, извикува изнервираниот газда.
– Не обвинувам никого, едноставно не можам да продолжам. Иако е затворена, пицеријата ме чинеше 3000 евра месечно, изјави тој.
Во видеото се гледа како тој ја крши внатрешноста на пицеријата ,,Фанатик” со токмак , иако цели 30 години работел успешно.