Снимката од бебето Рич Хамфрис кој сурфа на вода по езерото Повел во американската сојузна држава Јута, го воодушеви светот.
Имено, тој самостојно сурфал на вода во моментот кога имал само 6 месеци и четири дена.
View this post on InstagramI went water skiing for my 6 month birthday. Apparently that’s a big deal… #worldrecord
Со ноџињата зацврстени на дрвена даска, малиот Рич цврсто се држел за метална шипка додека со глисер го влечеле низ езерото. Неговиот татко Кејси бил во друг глисер, веднаш покрај неговиот син, за да може да реагира во случај на несреќа.
Покрај објавеното видео, мајката Минди напишала: „На само 6 месеци сурфаше сам на вода“.
Неговиот татко, Кејси ито така споделил снимка и напишал дека се работи за светски рекорд и дека малиот Рич во моментот кога го снимале имал 6 месеци и 4 дена.
„Погледнете го малиов и кажете ми дека не се забавува. Баш е мал фраер“, напишал гордиот татко покрај видеото.
