(ВИДЕО): Авион се заглавил под надвозник

На социјалните мрежи се шири видео од речиси нереална сцена – патнички авион на Air India заглавен под надвозник недалеку од аеродромот во Њу Делхи. Многумина имаа само едно прашање – како тоа се случило?

Според извештаите на индиските медиуми, се работи за авион кој повеќе не се користи и кој бил продаден, а заглавил под надвозникот на автопатот за време на транспортот.

Од Air India известија дека компанијата нема никаква врска со овој настан. Превозот бил организиран од купувачот и најверојатно возачот погрешно ја проценил висината на авионот.

Според NDTV, авионот не го блокирал сообраќајот целосно.

Видеото покажува дека авионот нема крила, што е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на отпишани авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e