Петгодишно девојче од Русија било спасено откако поминало 4 дена изгубено во шума. Зарина Авгонова се изгубила во руската шума кога тргнала по баба ѝ, која отишла да бере печурки.
Спасувачите стравувале дека Зарина се удавила, затоа што во шумата има длабоки јами и брзи реки. Иако кучињата не можеле да го намирисаат девојчето, спасувачите имале среќа да ги пронајдат нејзините траги на земјата.
На едно место имало нејзини траги биле пресечени со траги од мечка, па спасувачите се загрижиле дека мечката можеби го нападнала девојчето. Повикале и вооружени ловци за да се заштитат од мечките и волците кои се во шумата.
Организрана била масовна потрага по девојчето, а поведени биле и жени, затоа што Зарина, како што рекле членовите на нејзиното семејство, се плаши и срами од мажи.
После четири дена спасувачите уапсеале да ја најдат во шумата. Била дехидрирана и исцрпена, па веднаш ја изела храната која спасувачкиот тим ја носел со себе.
„Гласот ѝ беше толку слаб, што мислевме дека е птица“, рекол волонтерот Алексеј Марков.
„Наредивме сите да замолчат и ја замоливме Светлана, девојката која беше со нас да ја повика Зарина. Светлана ја повика, а Зарина одговори „тука сум“. Тргнавме кон гласот. Кога се приближивме видовме дека стои босонога на гранки и трепери како лист. била изгубена полна со модринки. Маицата ѝ беше мокра. Ја прашав дали се плаши, а таа рече не. Веднаш ја прашав што ѝ треба, а таа рече малку колач и малку вода“, раскажал Алексеј.
Тој ја подигнал Зарина во прегратка и ја пренел во селото. Од селото со хеликоптер била однесена во болница.