Велигденските јајца сварете ги со шеќер: Ќе бидете воодушевени од бојата и ефектот!

Велигденските празници се се поблиску и домаќинките веќе се подготвуваат за големиот празник и за велигденските јајца кои треба да ги направат традиционално и оваа година, па затоа секоја идеја им оди во корист.

Додека едноставно бојадисаните јајца се веќе класика и помалку здодеви, граѓаните се во потрага по нови и поинтересни шари и идеи. Кога покрај кесички со бои за бојадисување јајца се појавија и други атрактивни украси, како што се светките, сите посакавме да ги испробаме.

Иако изгледаат убаво, штом се земат во рака, овие јајца насекаде оставаат светки и се лепат, што никому му се допаѓа. Затоа денес ви откриваме трик како вашите велигденски јајца да светкаат – со помош на шеќер!

Постапка: Наместо вода, употребете 500 мл бело вино, наместо сол-100 г шеќер, а ќе ви треба и една кесичка боја за колачи во прав.

Сипете вино во тенџере, додајте шеќер, па ставете ги јајцата. Вклучете ја ринглата, па посипете ги јајцата со боја за колачи. Варете ги на тивок оган околу половина час без капак, па поклопете ги, тргнете ги од рингла и оставете ги да отстојат прекуноќ.

Утредента, извадете ги јајцата на салфета или крпа за да се исушат добор. Кога ќе се исушат, ќе станат сјајни и светкави од шеќерот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e