Трендовски совети за убавина

Кога станува збор за модерната и шик шминка и фризура тоа е пред се прашање на вкус. За некој дискретна, за некој нагласена шминка. Секоја сезона се следат нови трендови поврзани со модерна шминка и фризура во која ќе се пронајде секој. Дали и оваа сезона модата ќе биде во согласност со нашите вкусови, или пак можеби не? Ако сте љубител на шминката, сигурно ве интересира дали ќе мора да ја обновите шминката , или пак можеби да ја надополните со нешто поново и трендовско.

74634593_744311712659929_6766108684310282240_n

Време е да ви откриеме некои тајни и какви модерни новости не оекуваат во наредната сезона кога е во прашање шминката. За оваа тема одбравме да позборуваме со Фатљуме Шабани, 26 години make up стилист од Скопје, која патем има 13 годишно искуство во оваа работа и секојдневно внесува по некој новитет во неа . Во разговорот со неа, таа истакна дека се уште моден тренд во шминката се трепките со што поголем волумен и минималистичка шминка. Се уште остануваат тренд добро нагласените трепки, но според Фатљуме многу е битно да се избере правата должина и густина на трепките, и всушност тоа е вистинската уметност и умешност во шминкањето. Трепките всушност сакале или не ја имаат главната улога во шминката и директно ја нагласуваат истата.

74617587_1549326351873951_1746421732203298816_n

Дали е можно овој ефект на густи и црни трепки да се постигне и со обична маскара? Фатљуме ни ја разреши дилемата со нејзиниот совет дека доколку се стави квалитетна база и квалитетна сенка може да се добие добар интензивен поглед.

“Во наредниот период барем според мене во мода ќе бидат појаките бои кога станува збор за сенка за очи. Значи ни мат ни светкави нијанси, туку едноставно јаки бои жолта, розе,плава и сл . Но сепак ќе нагласам дека тука се во прашање вкусови по кои жените се разликуваат. Некои сакаат да експериметираат некои сакаат подискретна шминка која ќе одговара за екоја пригода. Додека овие јаки бои сенки за очи не се за работа во канцеларија на пример. Јас секогаш преферирам црвен кармин со sa „smokey eyes“ или кармин кој ќе им даде природен изглед на вашите усни. И за крај а не најмалку важна е и изборот на пудра за вашето лице. Пудрата е многу значаен дел во шминката, но додека личноста нема проблематична кожа преферирам тоа да е лесна пудра,или ББ крем и коректор . Со еден збор и со малку пудра, коректор, маскара, малку руменило и нежен кармин вие едноставно можете да блескате. Но, пак ќе речам тоа е пред се до талентот на вашиот стилист кому сте му ја дариле вашата доверба”, вели Шабани, пренесувајки ни го 13 годишното искуство во оваа област а на вас останува дали ќе ги применувате нејзините совети, или пак советите на вашите стилисти, оние кои најдобро се грижат за вашиот беспрекорен изглед.

74597181_417245475634651_9066582769655611392_n

Не заборавајте! Шминката треба да ја истакне вашата посебност и природност а не да ве направи непрепознатливи и да се заборавите во употребата на make up козметиката.

74318235_541418006683680_6481134864031547392_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e