31-годишната Трејси од Велика Британија смета дека е зависна од секс и се грижи дека поради тоа ќе го изгуби своето момче кое веќе неколку пати ја оставило – токму од таа причина.
Во емисијата “Sex Clinic”, Британката открила дека ја сака својата работа како личен тренер бидејќи работи од дома, па така може за време на паузите да мастурбира, дури и до три пати дневно. Но, нејзиното момче ваквата ситуација ја прифаќа многу тешко, па затоа тие неколку пати ја прекинале својата двегодишна врска.
“Тој е три години помлад од мене и на почетокот бев загрижена дека сум стара за него. Иако на почетокот имавме секс и по неколку пати на ден, сега гледа дека мојата желба за секс е малку преголема за него. Издржа пет месеци – буквално го уништувам во креветот”, додала Британката.
Трејси вели дека не може да спие навечер ако не доживее оргазам. Без оргазам таа е многу нерасположена, мизерна и напната.
Таа тврди дека никогаш не го изневерила момчето ниту би го направила тоа, бидејќи како што вели, може да се контролира. Сексуалната терапевтка која разговарала со неа вели дека дефиниција за зависност е кога некој нема контрола над она што го прави, до моментот кога тоа започнува да му штети на неговиот живот, а за Трејси тврди дека не е зависна и дека не треба да се грижи.