Сигурно сте слушнале многу приказни и изјави на мажи во кои велат дека „жена никогаш нема да им наредува“, но тоа изгледа важи се додека не се појави вистинската жена за која ќе направат се како што е примерот и со овој татко.
За 8. роденден на својата ќерка, која сакала да го прослави во костим на сирена, тој не само што ѝ го овозмижил тоа туку и се придружил, „станал“ сирена и додека се забавувале во водите на една река фотографката Дезајр Дил успеала да ги „фати“ на дело.
Фотографијата веќе го заобиколи светот преку социјалните медиуми, а коментарите се дека овој татко заслужува да биде прогласен за најдобар татко на светот.