Тараната и корите се повкусни кога и мажите помагаат

Тараната и корите, традиционалните тестенини карактеристични за овие простори, се повкусни, кога во нивната изработка помагаат и мажите. Вака деновиве со насмевка рекоа за МИА тиквешки домаќинки, кои, бели од брашно, работеа во своите дворови.

-И мажи знаат да месат тесто за кори и тарана, или пак ги простираат веќе готовите кори. Оваа работа одамна не е веќе само женска. Помина времето кога работите се делеа на машки и женски, сега сите заеднички сложно работиме, исто како што сите заеднички седнуваме на маса за да јадеме, коментираа, додека марифетно работеа со многу посветеност, љубов и внимание.
koriЗабележав дека пеколните горештини изминативе неколку дена тиквешани не ги искористија само за работа во морето од лозја, туку и за приготвување на омилените тестенини. За нив, тие се повкусни дури и од италијанските. Затоа што се направени од јајца, брашно, зејтин од домашно македонско потекло, печени од силното тиквешко сонце и што е најважно, по рецептот на нивните баби и прабаби. Новина се само машинките кои понекогаш го заменуваат рачното сукање со сукало и поминувањето на кори низ дрмон за тарана и им ја олеснуваат и забрзуваат работата.

Кога се изработуваат кори и тарана, вообичаено се собираат домаќините, но и поблиски роднини, соседи или пријатели, за побрзо да се заврши работата, со смеа и шега на туѓа, но и на своја сметка. А на крај често се наздравува за успешната мисија со чашка студена домашна тиквешка ж’та.
tarana i kori1Овие фотографии се од дворот на неготинецот Митко Василев. Во семејната изработка на годинешниве тестенини, покрај него, учествуваа и неговата понежна половина и синот, мајка му и сопругата на неговиот брат. Три генерации на едно место.

-Откако сум оженет, еве веќе 35 години, постојано помагам кога се изработуваат корите и тараната, ајварот. Имаме два сина и така ги учам и нив, дека треба да помагаат секогаш кога можат. Дека нема машки и женски работи, туку има само добри и лоши работи, а тие да се трудат да прават само добри дела. Полека, полека се менува свеста дури и во најмалите места, каде што порано, поради малограѓанштина, се случуваше некој да биде неправедно исмеван ако и помага на сопругата, со образложение ете дека се мешал во женски работи. Ништо веќе не е како порано и мило ми е што се става крај на таквите предрасуди од едно минато време, дециден беше Василев.

Тиквешијата има и вешти мажи кои го имаат испечено и занаетот за сукање кори со сукало. Љубица Минова, претседателка на вештите жени од Кавадарци, коментираше, ,,блазе си им на тие мажи што знаат се да работат и на тие жени што имаат такви мажи”.

-Младите учат од постарите, занаетот се пренесува од генерација на генерација. Оние кои не знаат сами да изработат кори или тарана, или немаат време за тоа, можат и да си купат. Но нема ништо поубаво од тоа да си јадеш од храната што самиот си ја изработил и си вложил дел од себе во неа, додаде Минова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e