Стресот е бавен и тивок – Еве како да откриете дали ве превзел!

Ако забележите некои од сигналите кај себе, можеби е време да го забавите темпото.

Стресот најчесто доаѓа бавно и тивко по многу тешки и напорни ситуации, па личноста често не ни забележува дека е под стрес. Има симптоми кои во повеќето случаи се игнорираат и лесно се отфрлаат, а всушност главен виновник е насобраниот стрес со кој не сте се справиле на време.

Ако сега ве нервираат работите кои порано ви давале задоволство, тоа значи дека стресот земал замав. Знае да го обои секое чувство, и на ист начин да се одрази и на позитивните аспекти.

Затоа, доколку забележите некој од овие четири знаци, можеби е време да забавите и да се погрижите за вашето ментално здравје.

Потење
Дали одеднаш забележавте дека обилно се потите дури и кога не правите ништо тешко? Потењето на нервна база или емоционалното потење се јавува како одговор на стимули како што се страв, стрес, болка, анксиозност…

Иако може да се појави на целата површина на телото, највидливо е на дланките, стапалата, пазувите и челото.

Стискање на забите
Луѓето обично го прават ова додека спијат. Ги стискаат забите, а наутро кога ќе се разбудат имаат остра болка во вилицата. Ако го правите тоа подолг временски период, ќе забележите дека се менува изгледот на вашите заби. Стоматолозите велат дека најчеста причина за оваа несвесна навика е стресот.

Губење на косата
Опаѓањето на косата од стрес деновиве станува се почеста појава. Ако по секое чешлање или миење на косата забележите дека косата опаѓа во големи количини, а понекогаш дури и во прамени, можеби е време да го посетите избраниот лекар кој ќе утврди за што се работи.

Ако сте имале ковид-19, губењето на косата може да биде еден од постковид симптомите. Сепак, не оставајте ништо на случајноста – консултирајте се со лекар.

Сува уста
Дали постојано чувствувате жед, а устата ви се суши? Иако е добро и препорачливо да се пие вода во текот на денот, доколку на организмот наеднаш му требаат големи количини вода, можно е да е под стрес кој свесно не го забележувате.

Долгите периоди на стрес ги блокираат плунковните жлезди, а причината е сувата уста.

Овој симптом се јавува и кај луѓе со дијабетес, автоимуна болест која првично не дава јасни симптоми. Затоа, се препорачува доколку сте постојано жедни да го проверите нивото на шеќер во крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e