ЗАНИМЛИВОСТИСтрав од убави жени, страв од пари и страв од секс – фобии кои за кои никогаш не сте слушнале
Објавено на 27/01/2021
Стравот е најужасното чувство, со кое човекот треба да се бори, да го занемари, да го заборави. Стравот може да предизвика многу болести и да ве чини живот, но преголемиот страв преминува во фобија. За многу од нив знаете, но за овие сме сигурни дека не сте слушнале. Особено за последните три. Се чини дека некои луѓе живеат во друг свет, далеку поинаков од нашиот. Свет во кој владее ужасот и стравот. Затоа, размислете уште еднаш пред да се пожалите од вашиот живот.
Аблутофобија – е фобија од вода. Односно фобија или страв од самиот чин на бањање.
Сомнифобија – или ирационален страв од спиење. Најчесто се појавува од зголемениот сон на кошмари или избегнувањето на било какво соочување со страв. Овие личности, сметаат дека ако заспијат, задолжително ќе сонуваат кошмари и едноставно сакаат да го избегнат стравот.
Амбулофобија – е страв од одење пеш. Всушност, ова во превод би значело дека поединецот се плаши да оди бидејќи е уверен дека ќе падне. Што значи оваа фобија е всушност манифестација на страв од паѓање. Какао што ваквиот човек старее, така се зголемува стравот и задолжително е барање на стручна помош.
Фобија од лица – ова е најчудната фобија која едноставно не можеме да ја разбереме. Овие луѓе се плашат да погледнат други луѓе, а како тоа фунционираат…? Бог знае.
Фобија од храна – Овде има повеќе подвидови и овие луѓе може да се плашат од одредени јадења. Па веројатно менито им е скратено, но што ако го видат тоа јадење во ресторан? Каков скандал би било тоа! Смешно звучи, но навистина е проблем кој докажано постои.
Фобија од голтање – Луѓето што се плашат од голтање, впрочем секогаш си замислуваат дека ќе се загушат доколку ја голтнат храната. Веројатно нивниот оброк трае со часови додека се убедат да голтнат барем еден залак.
Калигунефобија – станува збор за страв од жени. Да, точно прочитавте. За овие луѓе, убавината очигледно не е на цена.
Хрометофобија – страв од пари.
Генофобија – страв од сексуални односи.