Сопругот платил да ја убијат, а таа се појавила на сопствениот погреб

Жената по име Ноела Рукундо мирно си седела во својот автомобил пред својата куќа, читала весник и гледала како последните ожалостени гости ја напуштаат нејзината куќа, кои биле тажни, бидејќи биле на нејзиниот погреб.

На крај излегол мажот кој сакала да го види, а тоа бил нејзиниот сопруг. Потоа излегла од автомобилот, влегла во својата куќа, а кога ја здогледал сопругот, бил шокиран.

“Мислиш дека сум дух?” – му рекла таа. “Изненадување!!!

Уште сум жива, како што можеш да видиш драги”, му рекла.
Нејзиниот сопруг бил буквално престрашен, особено затоа што пет дена претходно изнајмил тим од платени убијци за да ја ли кви дираат сопругата.

Убијците на крај му рекле дека работата е завршена, а барале и дополнителни пари за работата. Тој со задоволство им платил, и сега бил изненаден дека ликвидираната жена која тукушто ја закопал, стоела пред него.

Тој започнал хистерично да вреска, бидејќи сметал дека се појавил духот на жена му за да му се освети.

Пред да се појави во нејзината куќа, Рукундо исто така, повикала полиција, па нејзиниот сопруг Беленга Калала на крај ја признал вината и бил осуден на 9 години затвор.

За нејзина среќа, уб ијците кој ги најмил, и се обратиле и и’ побарале повеќе пари за да не ја исполнат намерата на нејзиниот сопруг. Така, заедно ја лажирале нејзината см рт.

Инаку, брачниот пар заедно имаат три деца, додека Рукундо има уште пет од претходната врска. Иако знаела дека може да биде агресивен, никогаш не се посомневала дека е способен да оди така далеку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e