Сонцето влезе во знакот на Близнаци на 20 мај, а истовремено ќе има три ретроградни планети. Ова ќе биде космички период на раст, обновување, рефлексија и до 21 јуни енергијата полека ќе се стабилизира. Еве ги главните астролошки настани што нè очекуваат за време на владеењето на Близнаците од 20 мај до 21 јуни:
26 мај – Затемнување на Месечината во Стрелец
Супермесечината и целосното затемнување на Месечината носат ретка појава што силно ќе влијае на нашата енергија. Месечината ќе биде поблиску до Земјата од вообичаеното, што значи дека нејзиното влијание ќе биде уште посилно.
Секогаш кога има целосно затемнување на Месечината, таа има црвеникава нијанса, па затоа е наречена и крвава месечина.
Целосното затемнување на Месечината е период на големи промени и трансформации.
Можеби ќе се чувствувате како да се движите низ симболичен процес на повторно раѓање и ќе бидете подготвени да се приспособите на новите околности, да учите од нив и да растете.
Иако затемнувањето може да предизвика многу стравови и несигурности, ова е дефинитивно моментот кога многумина ќе напредуваат.
29 мај – ретрограден Меркур
Меркур, владејачката планета на Близнаците, влегува во својата втора ретроградна фаза годинава. Време е да се одморите, да размислите за вашите следни потези и да се ослободите од канџите на минатото.
Во овој период внимавајте какви одлуки носите и не оставајте ништо на случајноста. Бидете внимателни во сообраќајот, со парите и со потпишувањето договори и документи.