Психологот Џенифер Акер и деловната советничка Наоми Багдонас напишале книга за смеењето и неговото влијание на животот.
Книгата наведува бројни истражувања кои докажуваат дека смеењето го продолжува квалитетот на живот, но и може да го продолжи за 8 години.
Во книгата „Humor, Seriously“ се појаснуваат резултатите од истражувањата кои опфатиле 1,4 милиони луѓе во 166 земји ширум светот, а резултатите велат – се смееме премногу ретко.
Воочено е дека стапката на „смеа“ опаѓа по 23-та година од животот или всушност по главната точка на пресврт во возрасното доба, по факултетот.
Едно од истражувањата во книгата покажало дека 4-годишно дете се смее 300 пати дневно додека 40-годишен човек се смее 300 пати на секои 10 недели. Исто така, истражувањето докажало дека здравата смисла за хумор може да помогне и во работата и во животот.
Во книгата се укажува на едно истражување од Норвешка кое 15 години следело повеќе од 50.000 луѓе. Резултатите покажале дека оние со поизразена смисла за хумор во просек живееле 8 години подолго од останатите.
Магазинот „Travel and Leisure“ наведува дека Акер и Багдонас ја препознале важноста на хуморот и започнале специјални часови за хумор на бизнис школата на „Stanford“.