Следната недела, на 31. октомври, во 3 часот наутро треба да ја вратиме сказалката на часовникот еден круг наназад, со што добиваме еден час.
За укинувањето на часовникот се дискутираше минатата година, а моментално се носи одлуката сите членки на ЕУ до оваа година да одлучат дали сакаат да го задржат летното сметање на времето. Како што стои ситуацијата во моментов, сепак ќе треба да го поместуваме часовникот оваа зима, но можно е и ова да се промени.
Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергијата во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.
Поместувањето на часовникот отсекогаш бил избор за секоја држава – не постои закон што вели дека часовникот мора да се помести. Во моментов, повеќето европски земји и скоро цела Северна Америка го поместуваат часовникот двапати годишно, додека остатокот од светот се откажал од поместување на часовникот или никогаш не го ни поместиле.
Зошто воопшто го поместуваме часовникот?
Првиот човек што предложи промена на времето е Benjamin Franklin во 1784 година, бидејќи бил фрустриран од губењето на дневната светлина во летото. Неговата идеја не оживеала во тоа време, дури кон почетокот на 20 век е прифатена од Германците. Во тој период, енергијата заштедена со поместување на часовникот не била мала работа – ниту еколошки ниту финансиски.