На Велики четврток, домаќинките стануваат пред зори и ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца, но најзначајно според верувањата е првото вапцано јајце во домаќинството или народски чуваркуќа како што се нарекува, бидејки тоа ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло. Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден.
Со ова јајце голем дел од родителките ги поминуваат обравчињата на своите деца, па дури и ги бањаат со него, за здравје, но знаете ли што треба да направите со него кога ќе дојде следниот Велигден?
Според верувањата кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.
Другин обичаи кажуваат дека ланското велигденско јајце, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, бидејки старото црвено јајце е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот.