Што открива бојата на очите за вашиот карактер?

Не залудно се вели дека очите се огледало на душата. Бојата на очите може да открие многу за нечиј карактер, па добро е да ги знаете овие интересни факти.

Што открива бојата на очите за вас?

1. Црни очи

Иако всушност не постојат црни очи, некои се темно кафени но оставаат впечаток на црни и тоа се многу ретки. За луѓето со црни очи се смета дека се многу темпераментни, полни со страст и хиперактивни.

Посветени се на тоа што го работат, сакаат да привлекуваат внимание и делуваат таинствено. Не сакаат да ја делат својата приватност и тешко се вљубуваат.

2. Сини очи

Сината боја на очи е интензивна и се поврзува со енергија, небо, електричен набој и рационални размислување. Луѓето со сини очи се сметаат за шармантни, пријателски настроени и друштвени. Многу се спонтани, спремни за нови работи и имаат развиена духовна страна на личноста.

3. Кафени очи

Оваа боја се поврзува со енергијата на земјата, креативноста, упорноста и плодноста. Луѓето со кафени очи се сметаат за емпатични,независни и доверливи. Оваа боја претставува и силен сексуален нагон, желба за дружење и екстровертност. Материјалните работи не им се толку важни колку хармонијата и односите. Единствена маана е чувствителното его.

4. Сиви очи

Сивата боја на очи ретко се сретнува, но симболизира мудрост и цврст карактер. Луѓето родени со оваа боја на очи се опишуваат како родени лидери кои можат да пронајдат решение иако никој друг не го гледа.

Лесно се адаптираат, смирени се и сакаат природа. Не се претерано отворени, но се многу романтични и сензибилни. Имаат рационален став во животот, верни се склони кон долги врски.

5. Зелени очи

Зелената боја симболизира харизма, младост и здравје. Луѓето со зелени очи често се опишуваат како љубители на авантури и сите животни задоволства. Добри оратори се, снаодливи и ретко осамени. Страсни се како љубовници, но во љубовта понекогаш се превртливи па ни самите не знаат што сакаат.

Маана им е тврдоглавоста, како склоноста кон манипулации и љубомора.

6. Очи со боја на лешник

Оваа прилично ретка боја на очи настанува како комбинација од сини, кафени и зелени тонови, а симболизира сила и храброст. Луѓето со оваа боја на очи се опишуваат како бестрашни и подготвени за животни предизвици. Обично се убави и привлечни, иако во заведувањето не се агресивни, туку достоинствени.

Во работата се способни, но малку мрзеливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e