Што да му подарите за Св. Валентин според хороскопскиот знак?!

Денот на вљубените е веќе утре и сигурно имате планови како ќе го поминете романтичниот ден. А одбравте ли веќе со што ќе го/ја израдувате вашиот/та партнерк/а?

Ви пренесуваме неколку идеи како да го израдувате според хороскопскиот знак:

Овен Општо земено, господата родени под овој Хороскопски знак се импулсивни и уверени во себе и во својата машкост. Затоа не правете си експерименти, подарувајќи им мечињата или вино. Тие би се радувале на практични работи – карта за фитнес или билети за концерт.

Бик Мажите од знак Бик се нежни, скромни и … неверојатни! И не, не си мислете дека вашиот партнер е далечен роднина на Алф, кој има 9 стомаци – тој едноставно не може да одолее на кулинарски задоволства. За да го одмрзнете срцето на Бик, подгответе му вкусна вечера или однесете го во некој мал, но уреден ресторан со нетрадиционална кујна.

Близнаци Зборлестите Близнаци имаат потреба постојано да се во комуникација и размена на идеи. Тие се спонтани, духовити и доживува вистински глад за интелектуална “храна”. Поради тоа изненадете ги со сатирична книга или табли за шах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e