Шетачи на плажа во Англија пронашле 1 тон кокаин вреден 92 милиони евра

Шетачи на плажа во Англија пронашле скоро еден тон кокаин вреден 92 милиони евра. Кокаинот бил спакуван во водоотпорни вреќи кои биле врзани за спасувачки јакни и лебделе во водата.

Во вреќите имало 960 килограми кокаин, а Мартин Грејс од Националната криминалистичка агенција го опиша откритието како многу значајно.

– Претпоставуваме дека дрогата е од Јужна Америка, но сега се обидуваме да утврдиме како стигнала овде и каде на крајот требало да заврши. Јасно е дека овој пронајдок ќе биде голем удар врз криминалните групи – рече тој. Според Грејс, во истрагата најверојатно ќе бидат вклучени и институциите од другите земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e