Модерното време не направи робови на социјалните мрежи, мобилните телефони и секаков вид на апликации. Тие колку што ни го олеснуваат животот толку можат да бидат и штетни па затоа треба да бидеме внимателни, што инсталираме и што користиме.
Мобилните телефони станаа наше секојдневие. Многу важни податоци се наоѓаат во овоие уреди, па затоа треба да пазиме да не биде загрозена нивната безбедност.
Некои од апликациите кои ги превземате на вашите памени телефони можат да изгледаат како безбедни за користење и се со многу невина содржина, но притоа ви ги превземаат информациите и повеќе не можеме да бидеме сигурни каде истите ќе бидат искористени. Неивниот број не е голем, но сепак постојат. Ова се шест најчесни знаци кои се појавуваат кога некој го хакира вашиот телефон.
Уредот се ресетира сам
Не постои нитуе една причина вашиот телефон сам да се вклучува и исклучува, доколку се е во ред. Значи, доколку вашиот уред се ресетира сам од себе, тоа може да биде знак дека телефонот ви е „заразен“ со некој вирус, или дека е хакиран.
Не можете да го усклучите
Уште еден знак дека телефонот е можеби хакиран е доколку неможете да го исклучите. Наместо да се исклучи кога ќе ја одберете таа опција, често се отвораат различни апликации, осветлувањето ќе се менува само од себе, и слично.
Висока потрошувачка на мобилен интернет
Веројатно самите знаете колку интернет имате во вашиот пакет. Сепак, не е лошо повремено да проведувате колку мобилен интернет трошите во апликацијата на својот оператор. Доколку приметите нерегуларносите, тоа може да е знак дека сте хакирани.
Непознати броеви во повиците
Кога ќе ја погледнете листата на последни повици, дали ги препознавате сите телефонски броеви? Доколку тоа не е случај, тогаш треба да обратите внимание и да преземете мерки за да бидете сигурни дека телефонот ви е безбеден, пишува „Genmice“. Истото важи и за добивање повици од непознати странски броеви.
Брзо се загрева
Телефонот често брзо се загрева за време на полнење, но тоа не е страшно доклку се случува само тогаш. Меѓутоа, доколку уредот се прегрева кога не го користите воопшто или кога не е приклучен на полнач, тоа може да значи декабезбедноста на вашиот уред е загрозена.
Непознати апликации на вашиот телефон
Често се случува на луѓето да им се појават непознати апликации на телефонот. Доколку ова ви се случи, постојат две можни причини за тоа- или имата малвер или некој ви го хакирал телефонот. Во секој случај, ни двете опции не се добри и во двата случаи вашите податоци се загрозени.