Сертификат за Гинисов светски рекорд: Колку години наполнија најстарите сестри близначки?

Сестри од Јапонија добија сертификат за Гинисов светски рекорд како најстари живи идентични близначки на светот.

Сестрите Умено Сумијама и Коуме Кодама се стари 107 години и 300 дена, со што го соборија претходниот рекорд кој им припаѓаше на Јапонките Кин Нартити и Гин Кание.

Умено и Коуме се многу друштвени, а родени се на 5 ноември 1913 година на островот Шодошима. Умено има четири деца, а Коуме три.

Животниот век во Јапонија е најдолг во светот, а старите луѓе уживаат голема почит. Најстарата личност во светот е Јапонката Кане Танака која има 118 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e