Секој од нас сам го бира партнерот или партнерката за цел живот. Меѓутоа, за да почувствуваме вистинска љубов, најпрвин треба да се спријателиме, а потоа да се заљубиме.
Ако прво сте се заљубиле, тешко дека ќе бидете свесни за предноста на вашата врска кога „пламенот“ ќе згасне. За сè, па дури и за љубовта е потребно – трпение.
Секоја врска се состои од 7 фази кои нè доведуваат до вистинска љубов:
1. Маѓепсаност – за вас вашиот партнер е идеален. Каде и да погледнете гледате љубов и хармонија. Паровите се толку опчинети со таа љубов што не забележуваат ништо друго.
2. Презаситеност – во оваа фаза започнувате трезвено да гледате на партнерот и вашата врска. Започнувате да се однесувате поприродно и поопуштено.
3. Одбивност – неизбежна во секоја врска. Започнуваат кавгите, се откриваат недостатоците на партнерот. Ви се чини дека најлесно е да раскинете, а по раскинувањето повторно влегувате во фаза на маѓепсаност со друг партнер, па трет и така по ред. Но, ако ја надминете оваа фаза, доаѓаат подобри времиња.
4. Трпение – партнерите стекнуваат мудрост. Кавгите не се толку драматични и знаете дека врската треба и мора да продолжи.
5. Должност и почит – ова е првата фаза на вистинската љубов. Партнерите ја сфаќаат својата одговорност, не размислуваат за раскинување туку за нешто подолготрајно.
6. Пријателство – партнерите се зближуваат. Тие се најдобри пријатели и оваа фаза го отвора патот кон долготрајната љубов.
7. Вистинска љубов – секоја врска мора да помине низ овие 6 претходни фази за да дојде до фаза на вистинска љубов. Вистинската љубов не е нешто што нѝ паѓа од небо, на вистинската љубов треба да се работи.