Луѓето кои не можат да се справат со загубата на своите миленици се повеќе прибегнуваат кон неконвенционално и скапо решение – клонирање на домашно милениче кое чини 50 илјади американски долари. Компанијата ViaGen Pets and Equine од Тексас е првата американска компанија која нуди комерцијално клонирање на кучиња и мачки, а нивните услуги може да се нарачаат дури и ако живеете во Европа, пишува Klix.
Иако оваа практика звучи бизарно на прв поглед, таа им помага на сопствениците на починати домашни миленици да ја надминат тагата поради загубата. Компаниите како ViaGen нудат складирање на животинско ткиво и клетки за клонирање на кучиња, мачки и коњи. Цените? 50.000 долари за клон на куче, 30.000 долари за мачка и 85.000 долари за коњ.
– Ја нудиме водечката светска услуга за генетско зачувување, во соработка со водечка компанија за клонирање миленичиња – се наведува на веб-страницата на компанијата.
Лабораторија во Велика Британија тврди дека „што еднаш зачуваните примероци од вашето домашно милениче можат безбедно да се користат за да се заврши процесот на клонирање на домашно милениче“.
Првото британско клонирано куче е родено во 2014 година, а генетичарите го опишаа како „смешно фрлање пари“. Мора да се признае дека за сопствениците кои сакале да го имаат своето старо милениче тоа секако не е џабе џабе пари, иако под знак прашалник е колку клонирањето е добро за нивното ментално здравје.