Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (36) според некои извори во кариерата заработил повеќе од милијарда долари, но е многу внимателен кога се во прашање парите и воспитувањето деца.
Португалецот има четири деца, а неодамна откри дека неговиот најстар син, Кристијано Јуниор (11) побарал од татко му да му купи iPhone. Но, тој не го добил.
– Јуниор ми побара iPhone, но јас му реков „не“. Ако сака да ми се јави нека го направи тоа преку баба му. Сакам да му ја пренесам на син ми идејата дека не е лесно да имаш се што сакаш. Најдоброто нешто што можам да му го дадам е образованието – изјави Роналдо.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед смета дека денешните деца поминуваат премногу време на мобилни телефони.
– Моето најстаро дете наскоро ќе наполни 12 години и секогаш кога ќе ме праша „Тато, може ли да добијам телефон“. Му велам дека има време за тоа. Технологијата треба да се користи, но не и да се биде опседнат со неа. Дајте им, но во одредени интервали, не давајте им цело време. Мислам дека тука е главната поента – изјави Роналдо.