Реномиран професор доктор од Бугарија со добри вести и дата кога ќе заврши оваа криза

Доцент Мангаров, шеф на инфективното одделение во болница во Софија, во интервју за националната телевизија, кажа дека сите мерки кои се превземени за ограничување на заразата од коронавирус нема да го решат проблемот со ова епидемија.

Според него, вирусот ќе престане да се проширува само тогаш кога 70% од населението го преброди по еден или друг начин. Во 80 од 100 случаеви вирусот ќе помине низ организмот без симптоми. После тоа вирусот ќе стивне.

Во огромен дел кај овој вид вируси, симптомите не се осеќаат, и не ништо поразлично од еден обичен грип. Проблемот на овој грип е за оние луѓе кои веќе страдаат од друга болест, тогаш најчесто се доаѓа до компликација и човечки животи можат да се загубат. – кажа доцентот.

Целта е да не се чека да го победиме овој вирус, а да се врати животот во нормала постепено.

По Велигден е добро да почне да се работи на план за повторно да се отворат стадионите и терените за тренирање, луѓето треба да спортуваат. Треба да се отворат градинките и парковите. Сите започнуваме да развиваме синдром на Стокхолм. Треба да се обидеме да го пребродиме. Наредниот чекор треба да биде отварање на градинките и училиштата. Сето тоа се надеваме да се случи до 13 мај. Тогаш веќе работите треба да се врата кон нормалниот живот.

Според него, вакцината може да биде произведена најрано наредната година и кажа дека неможеме да ја чекаме со полиски часови и изолација до тогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e