Рекордни една милијарда и 400 милиони разменети пораки и повици биле забележани на новогодишната ноќ по пат на Ватсап, соопшти компанијата која е во сопственост на Фејсбук.
Тоа е за 50 отсто повеќе од претходната година, на истиот ден – 31 декември.
Техничката менаџерка на Фејсбук, Кејтлин Бамфор потврди дека во текот на целата година компанијата забележала пораст на аудио, видео и текстуалните пораки на Твитер, Инстаграм и Месинџер, односно на сите социјални мрежи (и нивните апликации).
Една од главните причини за тоа е секако, одвоеноста на луѓето поради глобалната пандемија на коронавирусот и нивната потреба да бидат во било каков вид на контакт, пренесува агенцијата „Анса“.
Помеѓу корисниците на Фејсбук, на новогодишната ноќ бил забележан и рекорден број на директни видео преноси – дури 55 милиони.