Рецепт за домашен пластелин за играње

Во овие денови на изолација, која најмалите се во домовите, сакаат времето да им биде исполнето со различни активности. Пластелинот е одлична забава за најмалите, бидејќи самите можат да изработуваат најразлични предмети.

Ако немате по дома, овој рецепт за домашен пластелин ќе ви послужи како идеална забава, бидејќи ем е нетоксичен, ем е поевтин во споредба со купечкиот.

Ова е основен рецепт, а може да направите двојна или тројна количина, во зависност од тоа колку пластелин сакате да имате на располагање.

Потребни состојки:

– шолја брашно

– половина шолја сол

– 2 лажички масло

– шолја вода

– половина кесичка лимонтус или вински оцет (може и прашок за пециво)

– прехранбена боја по желба

Подготовка:

Добро измешајте ги брашното, солта и лимонтусот. Во тенџере ставете вода, додајте ги сувите состојки и мешајте додека масата не стане глатка, а потоа додадете и масло.

Ставете го тенџерето на оган, на ниска температура и постојано мешајте да не загори. Кога смесата ќе почне да се одвојува од тенџерето и стане хомогена, тргнете го тенџерето од шпоретот.

Смесата треба да се олади и по желба на детето, додадете боја.

Совет: Ако оладениот пластелин е премногу леплив и не е добар за моделирање, вратете го на шпорет и уште малку мешајте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e