Претседателот Пендаровски на средба со својата прва учителка

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со својата прва учителка Борка Палифровска.
пендаровски учителка 4
-Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 83-годишната Борка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години. Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учителки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме, напиша Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил.
пендаровски учителка 55

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e