Модерното време не направи робови на социјалните мрежи, мобилните телефони и секаков вид на апликации. Тие колку што ни го олеснуваат животот толку можат да бидат и штетни па затоа треба да бидеме внимателни, што инсталираме и што користиме.
Некои од апликациите кои ги превземате на вашите паметни телефони можат да изгледаат како безбедни за користење и се со многу невина содржина, но притоа ви ги превземаат информациите и повеќе не можеме да бидеме сигурни каде истите ќе бидат искористени. Нивниот број не е голем, но сепак постојат.
Сосема е очекувано и нормално апликациите за навигација да ја следат вашата локација, но постојат и други апликации кои ги користите на вашиот мобилен телефон, а ја следат вашата локација.
Овие апликации ја имаат вашата локација дури и во моменти кога активно не ги користите:
-Апликации за временска прогноза
-Фејсбук
-Апликации за пронаоѓање партнер