Почнува сезоната на стрелците – 15 животни принципи според кои се водат тие

Стрелците се социјални битија, но не сакаат да бидат дел од големи кругови. Најудобно им е во друштво на мала група пријатели на кои можат да им веруваат.

Прoчитајте ги животните принципи според кои се водат Стрелците.

1. Можам да го дадам срцето за секунда, но изневерете ме и ќе си заминам исто толку бргу.

2. Јас немам ништо за криење. Подобро да немате ни вие.

3. Ако некој не сака да ми биде пријател – не мора. И онака во животот ми требаат само два-тројца пријатели и семејството.

4. Не ми треба самосожалување. Знам како да ја кренам главата и да продолжам напред, колку и да ми е тешко.

5. Сакам да заминувам кога ќе ми дојде таква потреба, без да морам да одговарам на прашања и да давам објаснувања. Понекогаш ми е потребно да исчезнам некаде за да си ги наполнам батериите и потоа да се вратам полн/а со енергија и оптимизам.

6. Понекогаш зборувам толку брзо што не можам да испроцесирам што сум кажал/а.

7. Потребен ми е љубовник кој нема да се обидува да ги промени моите начини и ставови. Сакам забавен, отворен и оптимистичен партнер.

8. Не сакам да пропуштам добри прилики. Сакам неочекувани бакнежи во неочекувани мигови

9. Со мене е лесно да се разговара. Тешко е да ме разберете.

10. Секогаш ќе подадам рака на оној на кој му е потребна помош. Но, ако ја гризне, никогаш повеќе нема да ја види.

11. Сѐ додека луѓето ме ценат како личност, ги почитуваат моите одлуки и не ми се мешаат во животот поставувајќи се како тие да се главни, јас ќе бидам среќен/на.

12. Не ме прашувајте за мислење ако не сте подготвени да го чуете. Едно нешто што никогаш не престанувам да го правам е кажувањето на она што го мислам.

13. Што ме прави среќен/на? Патувањата и чувството на слобода. Не сакам да се чувствувам загушено.

14. Не очекувам премногу од луѓето бидејќи знам дека секогаш ќе прават помалку одошто би очекувал/а.

15. Губам трпение кога сум опкружен/а со луѓе или се наоѓам во ситуации за кои немам никаков интерес. Особено имам проблем да разговарам со луѓе кои мислат дека знаат сѐ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e