Како да препознаете дека нешто не е во ред со батеријата во вашиот мобилен телефон? Eве пет показатели кои можат да ви помогнат во тоа.
Постојано го полните телефонот
Еден од знаците по кои може да заклучите дека нешто не е во ред со батеријата на вашиот телефон е ако за разлика од претходно батеријата трае помалку и постојано имате потреба од полнач. Ова се случува после неколкугодишно постојано користење и најчесто значи дека ќе треба да ја промените вашата батерија бидејќи веќе го нема истиот капацитет.
Вашиот телефон се прегрева при полнење
Ако вашиот телефон се прегрева при полнење, независно од тоа дали го полните преко полнач или преку компјуте знак дека нешто не е во ред со вашата батерија.
Благ раст на температурата при полнење е нормална појава, но ако вашиот телефонски уред е прегреан и не можете да го држите во раце, во тој случај е препорачливо веднаш да се однесе на сервис.
Уредот се уклучува само кога е на полнач
Ако вашиот телефон работи само кога е споен со полнач, тоа е знак дека имате проблем со батеријата кова веројатно и воопшто не работи.
Во овој случај единствено и најпаметно решение е да се замени батеријата, доколку не можете сами, обратете се кај сервисер.
Ништо не работи
Веројатно најочигледниот доказ дека нешто не е во ред со вашата батерија е ако воопшто не можете да го вклучите вашиот уред.
Ако претходно вашиот телефон не паднал од голема висина или бил потопен во вода, тогаш бидете сигурни дека проблемот е во престарата и оштетена батерија.
Телефонот работи се пократко
Долги разговори, долго гледање видеа, константно играње игри и останати работи кои го ангажираат телефонскиот хардвер да работи со полна сила, влијаат на долготрајноста на батериите.
За да ја заштитите и да и го продолжите работниот век на вашата батерија, најдобро е да бидете умерени со ваквите активности и да внимавате батеријата никогаш да не падне под 20%.