Традиционално како и во секое христијанско семејство во земјата, на Бадник и во семејството Пендаровски се вртеше погачата со паричка, која овојпат му падна токму на претседателот.
– Беше регуларно, не беше наместено, така што останува оваа година заедно со моите најблиски, со моето семејство ќе продолжиме да веруваме во вистинските вредности, со почит кон другите, солидарни кон останатите и да се трудиме да бидеме подобри луѓе, рече Пендаровски.
Претседателот на државата Пендаровски заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен вчера ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид, кои беа дел од Бадникова поворка што по седми пат се одржа во Охрид. Пендаровски со божиќни пакетчиња ги даруваше коледарчињата кои го посетија за да му ја најават радосната вест за Христовото раѓање.