Овој трик се користел во музеите: Жена откри како да не ви се собира прашина на мебелот

Веројатно сте чуле за глицеринoт и неговата примена во медицината, козметиката, прехранбената индустрија и земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот?

На пример, со помош на глицеринот многу лесно можете да си го исчистите домот. Жена на интернет откри како можете да ја исчистите вашата куќа со помош на глицерин.

-Брилијантно ги чисти подовите

За брзо и ефикасно да ги исчистите валканите подови, потребно е да додадете неколку капки глицерин во кофата со вода со која ќе ги чисите вашите подови.

-Прашината ја чисти подолго од вообичаеното

За се ослободите од прашината на подолг рок, потребно е да додадете малку глицерин во садот со вода во кој ќе ја влажните крпата. Ставете неколку капки, навлажнете ја крпата и избришете ги површните од вашиот мебел. Најмалку 10 дена нема да видите прашина. Овој метод на чистење се користел во музеите.

-Ги отстранува дамките од облеката

Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете ја со вода во која сте додале малку сол. За да ја отстраните дамката од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете на дамката и по половина час, исплакнете ја дамката со вода.

-Правилно одржување на мебел со

Ако случајно сте го изгребале вашиот кожен мебел, само избришете го со крпа натопена со глицерин. Постапката треба да се повроти два до три пати.

-Прозорци

Помешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците со оваа мешавина. Откако ќе го направите ова, на нив нема да забележите ниту нечисотоија ниту орашнина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e