Овие три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во мај

Некои ќе имаат можност да „им заиграат“ пеперутки во стомакот, а можеби и да се сретнат со љубовта на својот живот

Пролетта е време кога сè се буди, а особено емоциите. Инспирира љубов и заљубување, а како што тврдат астролозите, овие три знаци во мај ќе имаат можност да „им заиграат“ пеперутки во стомакот, а можеби и да се сретнат со љубовта на својот живот.

Рак

Раковите се најголемите емотивци на Зодијакот. Меѓутоа, многупати биле разочарани во љубовта, па околу себе изградиле ѕидови.

Време е да го тргнете штитот и да се препуштите на магиите на животот. Преку дружење ќе се создаде можност за нови познанства. Една работа ќе биде особено важна и ќе ги затресе Раковите од корен. Ќе почувствуваат „пеперутки“ кои одамна не ги почувствувале.

Лав

Лавовите се разбудија со пролетта, па ќе флертуваат на секој чекор. Овој огнен знак тешко може да се спаси од обожавателите, особено сега кога зрачи со необичен сјај.

Потребна им е личност покрај која ќе се чувствуваат слободни да се покажат во вистинско светло. На лавовите во мај нема да им недостига романса, а една личност ќе им го промени животот. Тоа ќе биде судбинска љубов која може да биде крунисана со брак.

Шкорпија

Шкорпиите во мај ќе пленат со мистерија и мистицизам. Пред навистина да се заљубат, ќе мора да откријат што е навистина важно за нив. А кога тоа ќе се случи, нема да знаат што им се случило.

Кога ќе се впуштат во нова љубовна приказна, ќе бидат маѓепсани од новиот партнер и ќе полетаат од среќата и љубовта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e