Совети за заштеда на електричната енергија во домаќинствата:
– фрижидерот треба редовно да се чисти, а термостатот најдобро е да биде поставен на температура од 3 до 5 степени;
– современите прашоци за перење овозможуваат ефикасно чистење на алиштата и на температура од 40 до 60 степени;
– со секое вклучување на пеглата се троши струја за нејзино загревање, што значи алиштата е подобро да се пеглаат одеднаш;
– секогаш да се преферира туширање наместо капење во када;
– компјутерот и мониторот да бидат во режим на мирување секогаш кога не се користат, бидејќи годишно трошат 1000 kWh;
-машината за садови секогаш да биде полна и да се вклучува ноќе;
– бојлерот е најдобро да се вклучува ноќе, или пак да се вгради реле кое автоматски ќе го вклучува и исклучува во висока односно ниска тарифа;
– во текот на готвењето садовите треба да бидат затворени;
– жаречките светилки да се заменат со штедливи;
-клима уредот троши три пати помалку отколку електричната греалка, и најдобро е да се користи во опсегот на надворешни температури од 5 до 15 степени;
Стручњаците тврдат дека со придржување кон овие правила секој дом може да заштеди и до 50% електрична енергија.