Овие хороскопски знаци најчесто се разведуваат

Ако сте родени во еден од овие 5 хороскопски знаци, размислете добро пред да одлучите да се венчате бидејќи имате поголеми шанси за развод отколку другите хороскопски знаци, според Зодијакот.

Близнаци

Непостојаните Близнаци еден ден сакаат едно, а следниот нешто сосема поинакво, па затоа со причина се најдоа на оваа листа бидејќи со нив никогаш не се знае. Исто така, имаат тенденција да ги идеализираат своите партнери за потоа да можат лесно да се разочараат од нив.

Водолија

Ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами – НАЈОСАМЕН знак на зодијакот. Ако се чувствуваат ограничени во врска или брак, големи се шансите да раскинат или да побараат развод, бидејќи нивната слобода е на прво место.

Јарец

За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците обично не се оние кои бараат развод, но најчесто тоа го сакаат нивните сопружници. Имено, луѓето родени во овој знак се обидуваат да ги импресионираат своите партнери додека не го добијат она што го сакаат, а тоа е обично бракот, а потоа престануваат да се обидуваат.

Стрелец

Стрелците обожуваат да флертуваат и не можат да се воздржат од тоа дури и кога се во брак, што секако на сопружниците воопшто не им се допаѓа, па по некое време разводот им доаѓа како добро утро. Ретки се оние кои можат да преживеат во брак со типични претставници на овој знак.

Скорпија

Исто како Стрелецот, така и Скорпиите не ја пропуштаат можноста да флертуваат, а склони се и кон тоа да ги изневеруваат своите партнери. Покрај тоа, тие се многу љубоморни и посесивни во бракот или врските, што ретко кој може долго да го издржи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e