Ова се трите хороскопски знаци кои најлесно се навредуваат!

Според астрологијата, сите водeни знаци припаѓаат на оваа група. Токму тие се сметаат за најчувствителни, секој на свој начин.

РИБИ

Кога ќе се споменат чувствителни знаци, повеќето веднаш ќе се сетат на рибата. Нивната чувствителност веќе стана легенда. Рибите се многу емотивни и живеат во свој свет, и кога ќе ги извлечете од тој свет, тие едноставно не се снаоѓаат најдобро. Не само што нема да се кријат кога ќе бидат повредени, туку веднаш ќе започнат дискусија зошто сте ги повредиле, а солзи ќе течат во потоци додека го прават тоа.

РАК

Исто како и Рибите, со овој хороскопски знак владеат емоции. Меѓутоа, за разлика од рибите, ракот нема премногу да се расправа кога ќе се почувствува повреден. Тие едноставно ќе се повлечат во својата школка штом почувствуваат закана за нивната емоционална стабилност.

ШКОРПИЈА

Малкумина се оние што ќе ги сфатат Шкорпиите како чувствителни затоа што не ја покажуваат својата болка на ист начин како Рибите и Раковите и нивните емоции различно владеат со нив. Тие добро ќе ги сокријат и само ќе ја чекаат нивната шанса да возвратат со иста мерка. Шкорпиите се многу интензивни и навистина им треба секунда за да се навредат, но немаат премногу простор за солзи како кај Рибата или драма како кај Раковите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e