Отворен првиот „корона-фри“ паб!

Еден бар во западна Ирска го најави своето отворање како првиот „corona free“ паб во земјата, во кој посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат.

Во „Eileen’s Bar“, паб во местото Огамор кое се наоѓа на два и пол часа возење од Даблин, посетителите прво мора да чекаат во одредена просторија за да бидат тестирани на вирусот.

Сопственикот на пабот, Донал Брн, објавил на Фејсбук дека само на редовните посетители ќе им биде дозволен влез и тоа само доколку се негативни на тестирањето, но додал дека ќе можат да пијат и таму каде што чекаат за тестирање и додека го чекаат резултатот.

Посетителите сами ги сносат трошоците за тестирањето кое ќе чини 10 евра, а истото ќе се изведува од 17 до 19 часот.
„Трошоците за тестирање се повисоки од тоа, но „Eileen’s Bar“ со задоволство ја покрива разликата за да се осигура дека нашите вработени и гости се безбедни и здрави“, напишал Брн на Фејсбук.

Во пабот, посетителите ќе мора да ги следат официјалните здравствени препораки за ресторани и пабови, од седење на маси до одржување на растојание помеѓу посетителите.

Во Ирска смеат да работат само барови кои служат храна, што ги налути сопствениците на 3.500 пабови кои не нудат храна.

„Не послужувам храна и храната, како што знаеме, не запира и не спречува да заболите од Ковид-19“, изјавил Брн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e