Одмор во Грција – Овие корона информации мора да ги знаете

Минатата седмица стапката на нови случаи на коронавирусот во Грција била 12 отсто повисока во споредба со претходниот период.

Научниците сега предвидуваат дека моменталниот бран на пандемијата ќе го достигне својот врв во првата половина од месец август.

Според моделот на предвидување, кој го користел професор Димостенис Саријанис од Универзитетот Аристотел во Солун, четвртиот бран на пандемијата може да се очекува во периодот од 10 до 12 август, со дневен просек од околу 3.400 новозаразени, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Во разговор за „ТВ Скај“, професор Саријанис предвидел дека од средината на месец август текот на пандемијата ќе зависи од тоа како напредува програмата за вакцинација.

„Доколку успееме да ја зголемиме стапката на имунизација, тогаш би можеле да очекуваме и стабилизација која би била проследена со пад на бројот на новозаразени од коронавирусот. Доколку не се зголеми стапката на имунизација процената е дека бројот на новозаразени ќе биде повисок, околу 3.400 новозаразени дневно до крајот на август, а потоа од есен може да очекуваме и уште поголеми бројки“, изјавил професорот Саријанис посочувајќи дека на популарните туристички дестинации забележан е тренд на зголемување на бројките од новозаразени.

Надлежните здравствени служби потврдиле дека во изминатите 24 часа евидентирани се 2.070 нови случаи на Ковид-19 по спроведени речиси 45.000 тестови, а пријавени се пет смртни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e