Одлична комбинација – чизкејк со џин (РЕЦЕПТ)

Џин-тоникот е еден од најомилените коктели во светот, иако се работи за сосема едноставна комбинација. А кога се десертите во прашање, кој би можел да одолее на вкусен чизкејк?

Но, што ако ви кажеме дека овие два вкуса можете да ги споите во еден и да направите десерт каков што не сте пробале досега?

Потребни состојки:

200 гр чајни колачиња
100 гр растопен путер
500 гр крем сирење
25 гр шеќер во прав
50 мл џин
Една лажичка сок од лимон или лимета
Изрендана кора од лимон или лимета
100 гр бела чоколада
300 мл слатка павлака

Подготовка:

Издробете ги колачите додека да добиете ситни ронки. Измешајте ги со стопениот путер и на дното на калапот нанесете во слој и ставете во фрижидер, да се стврдне.

Во голем сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот, џинот, сокот од лимонот/лиметата и кората, додека да добиете изедначена смеса. На пареа растопете го чоколадото и оставете го една минута да се излади и измешајте го во смесата со сирењето. Настрана изматете ја слатката павлака и додадете ја во кремот од сирење.

Филот ставете го врз основата од чајни колачи и оставете да преноќи во фрижидер. Декорирајте според вашата желба.

Послужете со ладно кафе или секако, со џин-тоник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e