Документарецот „40 Years of Rocky“, сега е достапен за дигитално преземање и стриминг.
Објавен е новиот документарен филм со наслов „40 Years of Rocky“, кој што ги прикажува настаните зад сцената на култното остварување за Роки.
Во улога на наратор е ѕвездата Силвестер Сталоне кој што говори за остварувањето на филмот кој што во 1977-та година доби Оскар за најдобар филм на годината.
Обожавателите овојпат имаат можност да видат досега неоткриен материјал од култниот филм.
„40 Years of Rocky“ сега е достапен на платформите како што се: „iTunes“, „Apple TV“, „Amazon“, „Google Play“, како и сајтот becomingrocky.com.