Вибер го зголемува бројот на корисници за групни видео повици. Вибер можеби не е фактички стандард како WhatsApp или Messenger, но платформата и натаму ја следат најмалку 500 милиони луѓе само на Android.
Како и поголемиот дел од конкурентите, на почетокот на здравствената криза, Вибер брзо го зголемување ограничувањето за групни видео повици. Во напомената за ажурирањето на Play продавницата откриено е дека сега можете да упатувате видео повици со до 30 учесници одеднаш, наместо досегашните 20.
Иако оние кои рутински разговараат со поголемите групи, веројатно се состануваат со помош на различните услуги, Вибер ажурирањето би требало да го олесни следењето на повеќе пријатели одеднаш, ако ионака веќе ја користат апликацијата. Како и претходно, одеднаш ќе можете да видите до шест луѓе на екранот на телефонот. За да видите повеќе, морате да повлечете налево додека сте во повикот. Судејќи според Help страницата, ограничувањето на 30 учесници им е достапно на сите Viber клиенти, вклучувајќи ги апликациите за компјутери и мобилни уреди.
Покрај тоа, Вибер ажурирањето донесува нова опција за администраторите на заедницата. Тие сега можат да постават псевдоним, односно друго име и фотографија, кога нешто ќе и испратат на својата заедница. Најновата верзија на Вибер можете да ја преземете од Play продавницата, но и од APK Mirror.