Луѓето често се казнуваат затоа што патуваат во автобуси и возови без билети, а дали некогаш сте се запрашале дали нешто слично може да им се случи на животните? Одговорот е да.
Необичен случај од Телангана, Индија ги шокираше корисниците на социјалните мрежи, каде кондуктерот наплаќа билет за петелот кој еден од патниците го носел со себе.
Имено, за возењето на петелот му наплатиле 30 рупии (околу 20 денари) бидејќи бил во меѓуградски автобус, а сопственикот немал поим дека животните треба да платат, па морал да плати дополнителни пари за да го продолжи патувањето.
Додека сопственикот патувал со петелот a кондуктерот на автобусот тоа го забележал и ги прашал дали живината има билет.
Потоа дошло до расправија меѓу кондуктерот и патниците за цената на билетот, но на крајот немал каде да оди, па морал да плати за „придружникот“.
Извор: Objektiv.rs