Неколку интересни факти за медот: За половина килограм мед потребни се 556 пчели…

Медот е еден од најценетите природни производи уште од древни времиња и се користи не само како природен производ и засладувач, туку и во традиционалната медицина како помош за лекување на различни состојби, од ублажување на кашлица и болки во грлото до заздравување на рани.

Но исто така постојат неколку факти кои на повеќето не се познати:

• Пчелите произведуваат мед повеќе од 150 милиони години

• За половина килограм мед се потребни 556 пчели и два милиони цветови

• Медот никогаш не се расипува

• Поради високата содржина на фруктоза, медот е 25 проценти посладок од шеќерот

• За да направат мед, пчелите собраниот нектар го складираат во саќе, а потоа го испаруваат со мафтање со крилјата.

• Пред да се развијат биологијата и ботаниката, луѓето мислеле дека цветниот нектар се претвора во мед со посебна магија

• Медот е основна храна на пчелите. Причината поради која пчелите се толку зафатени со собирање нектар од цвеќињата е да создадат доволно залихи храна за нивната колонија во текот на зимските месеци.

• Медот има сличен состав на антиоксиданси здрави за срцето како и спанаќот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e