Неделава ќе биде идеална за овие три хороскопски знаци

Сонцето танцува низ убавата, балансирана и харизматина Вага испраќајќи ни романтични вибрации.

Ова е прекрасен период за да се поврземе со пријатели со кои долго не сме се виделе, да излеземе на љубовен состанок, но и да работите кон мир и разбирање, бидејќи Вага е и знак на правдата.

Следната недела ни носи млада Месечина, влез на Венера во Вага, а истовремено го имаме и ретроградниот Меркур, но таа ќе биде прекрасна за воздушните знаци.

Близнаци – откривате еден нов дел од себе

Космосот е на ваша страна. За да се стигнете од една точка кон друга, правите самоанализа и откривате дел од себе кој долго стоел скриен можеби од детството или тинејџерските денови. Ова е недела кога треба да го правите она што ве прави среќни и да му дозволете на детето да излезе од вас.

Вага – откривате нови слоеви од вашата личност

Оваа недела ви носи големи промени. Младата Месечина влегува во вашиот знак и ви носи нови почетоци кои можеби и не сте ги очекувале. Заборавете на она што другите го очекуваат од вас и дајте си дозвола да бидете свои. Не морате да барате дозвола да бидете тоа што сте, водете се само од вашите желби и соништа. Ова е потсетник дека можете да го постигнете својот потенцијал-

Водолија – се движите напред со огромна брзина

Лесно ви е да заглавите и да почнете да размислувате за многу нешта, но оваа недела не ви дозволува да се препуштите на стагнацијата. Младата Месечина минува низ вашето деветто поле на експанзија и авантура, носејќи ви можност за нови искуства, силна имагинација, но и за кршење на правилата. Време е да се потсетите колку навистина е убав овој свет со вас во него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e